Фудбалската легенда на Милан, Филипо Инзаги, се потсети се на реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите во 2007 година меѓу неговиот тогашен состав и Манчестер Јунајтед.
„Росонерите“ победија со 3: 0 и се пласираа во финалето во кое го совладаа Ливерпул со 2:1 и на тој начин им се одмаздија на „црвените “ за поразот кој го претрпеа две сезонио претходно.
„Веднаш се сеќавам на три работи. Во автобусот – сите бевме многу фокусирани. За дождот – имаше неверојатно невреме во првиот дел. За навивачите – „Сан Сиро“ е секогаш посебен, но вечерта тој беше уште уникатен“ – рече сегашниот тренер на Беневенто.

