Тренерот на Лацио Симоне Инзаги не можеше да поверува дека неговиот тим го загуби дербито со Јувентус.
„Бјанконерите“ го свртеа резултатот и дојдоа до победа благодарение на головите на Жоао Кансело кој израмни во 74-та минута и голот од пенал на Кристијнао Роналдо во 88-та минута.
„Во оваа сезона не сум видел друг тим да го надигра Јувентус до ваков степен. Ние упативме девет удари во оквир на голот на противникот, а тие само три. Исто така имавме многу одлични шанси за гол. Фудбалот е неправеден. Не заслуживме да изгубиме. Но ако продолжиме да играме така, нашите навивачи ќе бидат задоволни“, изјави разочараниот Инзаги.
„Јас по натпреварот ги прегнранв моит еиграчи и им честитав бидејќи играа неверојатно. Единствено негативен е резултатот. Кога нема да постигнете втор гол против Јуве, тие ви го наплаќаат тоа. Ние направивме многу шанси кои ги одбрани Шчесни. Нашиот голман не мораше да интервенира сериозно ниту еднаш“ изјави тренерот на Римски Лацио.