Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, не крие дека е изнервиран по вчерашниот пораз на домашен терен од Јуве со 1-0 откако судиите по анализата во ВАР собата го признаа голот за гостите.
Имено, во почетокот на акцијата на „старата дама“ се доби впечаток дека Рабио и Влаховиќ, играа со рака но, главниот судија и луѓето од ВАР сепак го признаа погодокот.
„Нема што да се коментира, играта со рака е 100% евидентна и акцијата е нерегуларна. Не можеме нормално да зборуваме за натпреварот по таква грешка“ – вели Инзаги.