Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, не крие дека е презадоволен од вчерашната победа против Шахтјор во Лигата на фудбалските шампиони која го однесе неговиот тим во наредната фаза на елиминации.
„Ни требаше победа. Создадовме многу ситуации во првото полувреме, но, не ги реализиравме. Тензијата растеше, сепак не смири голот на Един Џеко. Затоа бев толку среќен“ изјави Инзаги.
Во групата „Д“ во последното коло Реал Мадрид и Интер на „Сантијаго Бернабе“ ќе се борат за првото место додека Шахтјор ќе го пречека Шериф Тираспол кој го обезбеди третото и ќе продолжи во Лигата на Европа.