Тренерот на Интер, Симоне Инзаги по вчерашната победа на гостувањето кај Салцбург од 1:0 и пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите, изјави дека е горд на своите фудбалери.
„Горди сме што се квалификувавме во следната фаза уште на два меча до крајот на групната фаза. Ова не се случило од сезоната 2004/05. Стигнавме до плеј-офот трета сезона по ред и тоа е сосема заслужено. Сепак, сега знаеме дека за да го освоиме првото место ни остануваат уште два натпревари. Секој натпревар од Лигата на шампионите е тежок. Денеска имаше моменти кога требаше да се браниме, но тоа го направивме тимски. Нè очекува тежок распоред на натпревари во наредните недели“, изјави Инзаги.