Финалистот од минатото издание на Лигата на шампионите, Интер ремизираше на гостувањето кај Реал Сосиедад на почетокот од групната фаза оваа сезона. Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги објасни дека морал да направи многу промени во неговиот стартен состав во однос на дербито против Милан, поради замор на играчите.
„Очекував дека натпреварот ќе биде тежок, и беше. Против себе имавме силен противник. Моравме да работиме напорно за да избегнеме пораз. Многу од играчите беа уморни по дербито и затоа направив промени во составот. Пред паузата имавме сериозни проблеми. Јан Зомер ни помогна да преживееме. Игравме добро во последните 20 минути. Имаме широк состав и добро е да го искористиме максимално“, нагласи тренерот на „нероаѕурите“.