Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, истакна дека неговиот тим ќе треба да прикаже одличен настап за да ја победи Аталанта во вечерашното полуфинале на италијанскиот Суперкуп меѓу двата тима кој се игра во Саудиска Арабија.
„Секако, целите за 2025 се исти како оние пред три и пол години кога дојдов овде. Интер е голем клуб и секогаш мораме да целиме на максимум, освојувајќи што повеќе натпревари и трофеи, почнувајќи од Суперкуп, кој е најблиску.
Во однос на минатата година ќе биде уште потешко, но ќе се обидеме да го дадеме максимумот вечерва. Ќе се соочат две екипи кои се во одлична форма. Најголемиот успех на Аталанта, освен трофејот во Лига Европа, е фактот што веќе не се доживуваат како изненадување. Постигнуваат одлични резултати во лигата и Лигата на шампионите“ изјави Инзаги.
Натпеварот меѓу Интер и Аталанта се игра вечерва од 20 часот на „Кингдом арена“ во Ријад.

