Симоне Инзаги прв пат е проглaсен за најдобар тренер во Серија „А“. Тој со фудбалерите на Интер супериорно ја освои титулата во Калчото и сосема заслужено го доби престижното признание.
Инзаги ги однесе „нероаѕурите“ до јубилејната 20. титула во Италија. 48-годишниот специјалист признанието ќе го добие в недела на последниот сезонски натпревар против Верона.
Наградата ја доделува специјално жири составено од директори на спортски медиуми.