Тренерот, Симоне Инзаги, кој го освои фудбалскиот Куп на Италија и Супер-купот, се согласил да ја продолжи соработката со Интер до 2024 година.
Новиот договор ќе му ја зголеми плата која досега му беше 4 милиони евра годишно. Сега неговите примања ќе бидат 5,5 милиони. Инзаги претходно и со Лацио имаше забележителен успех во сезоната 2019/20.
Медиумите на „Чизмата“, тврдат дека Интер денеска ќе излезе со конкретни информации околу новиот договор на поранешниот напаѓа на „аѕурите“.

