Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, ги сподели своите очекувања од натпреварот во Лигата на шампионите, натпревар број 3, со Шериф Тираспол.
„Мислам дека Шериф не можеше да победи на два натпревари случајно. Знаеме дека ќе се сретнеме со тим кој ќе дојде тука со голема желба. Организирано, ќе се брани доволно длабоко, додека ќе ги користи играчите кои можат да постигнат гол во контранапад. Неопходно е да се нападне добро, но да не се губи од вид формата на играчите, да се игра компактно. Знаеме дека утре ќе имаме клучен натпревар. Моите играчи создаваат шанси, постигнуваат многу голови. Го имаме најдобриот напад во лигата. Разговарав со момците по натпреварот со Лзцио, видов дека се многу изнервирани, јас сум многу задоволен, бидејќи знам дека работам со победници“, изјави Инзаги пред мечот со Шериф во Лигата на шампионите.