Челниците на фудбалскиот состав Интер ќе му го продолжат договорот на тренерот Симоне Инзаги, доколку „нероаѕурите“ ја освојат титулата во Серија „А“, наведуваат медиумите на Апенините.
Тимот од Милано води во поредокот со 7 бодови предност пред второпласираниот Јувентус а има и натпревар помалку.
Интер под водство на Инзаги има 141 натпревар со ефект од 93 победи, 24 нерешени и 24 порази.