Тренерот на фудбалерите на Лацио, Симоне Инзаги, по вчерашната елиминација од Салзбург во 1 /4 финалето во Лигата на Европа, изјави дека неговиот тим треба да извлече поука од поразот во Австрија.
„Имавме полуфинале во нашите раце кога поведовме но, брзо примивме гол и потоа се тргна во погрешна насока. Не смеевме да одиграме на таков начин иако на крајот можевме да направиме нешто повеќе“ вели Инзаги.
„Сега не очекува дербито со Рома. Верувам дека ќе научиме многу од поразот и дека тоа ќе ни помогне да созрееме“ – изјави тренерот на Лацио.