Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, тврди дека неговата екипа го одиграла најдобриот сезонски меч и дека не заслужила пораз од Рома во вчерашното дерби на Серија „А“.
„Знаеме дека во вторник нè очекува важен натпревар во Лигата на шампионите (против Барселона – б.р.), но нормално е да бидеме разочарани по денешниот сосема незаслужен пораз“ – вели Инзаги.
„За жал, не стигнавме да славиме со навивачите кои нон стоп не поддржуваат. Сите треба да направиме повеќе започнувајќи од мене“ – изјави Инзаги