Фудбалерите на Интер вчера го претрпеа првиот пораз во Серија „А“ и тоа на домашен терен од Сасуоло. Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги, вели дека целиот тим одиграл лошо.
„Бевме добри само во првото полувреме. Од шансите што ги создадовме требаше да постигнеме повеќе голови“ – вели Инзаги.
„Во вториот дел откако го примивме првиот гол, нашата игра се распадна. До крајот на мечот не успеавме да ги искористиме шансите“ – изјави тренерот на италијанскиот состав.