Симоне Инзаги не крие дека е презадоволен со вчерашната победа на теренот на Милан во првиот меч од полуфиналето во Лигата на фудбалските шампиони.
Неговиот тим Интер успеа да постигне два гола во перидот од 8 до 11 минута преку Џеко и Мхтаријан и да си обезбеди добра предност за реваншот во вторник.
„Презадоволен сум, одигравме извонредно прво полувреме и можевме да дадеме повеќе од два гола. Сега нѐ чека меч пред нашите навивачи и сите сме свесни дека ништо не е готово“ – вели тренерот на „нероаѕурите“.