Интер го заврши настапот во Лигата на Шампионите иако вчера славеше на теренот на Ливерпул со минимални 1-0.
Победата на премиер-лигашот во првиот меч на „Чизмата“ од 2-0, беше доволна за избраниците на Јирген Клоп да заминат во наредната фаза. Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги, вели дека победникот во двомечот бил решен во првата средба во Милано.
„Заслуживме повеќе во првите 75. минути од првиот натпревар, но, потоа примивме два гола. Вечерва на „Енфилд“ го дадовме максимумот. Јасно е дека сме разочарани“ –заклучи Инзаги.