Тренерот на Интер, Симоне Инзаги зборуваше за продолжување на договорите со играчите од клубот, а исто така го сподели своето мислење за можниот трансфер на играчот од средниот ред на Каљари, Нандез .
„Сакам Марсело Брозовиќ во блиска иднина да потпише нов договор со Интер! Тој е среќен во клубот. Се надевам и дека Иван Перишиќ многу брзо ќе потпише нов договор. Нандез би можел да биде интересна можност за нас во текот на зимскиот преоден рок. Ајде ќе видиме“, изјави Инзаги.
Интер на 19 средби успеа да освои 46 бода и е лидер на табелата во Серија А, а зад нив се Наполи и Милан со 39 освоени бодови.

