Фудбалерите на Интер се елиминирани од Купот на Италија откако загубија на домашен терен од Болоња со 2:1.
Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги, вели дека неговиот тим бил подобар и не заслужил да биде елиминиран.
„Знаеме дека е тоа фудбал. Не сме навикнати да губиме откако ќе одиграме добри 90 минути. Фудбалерите сакаа да стигнат до четврт-финалето“ – потенцираше Инзаги.

