Тренерот на Интер, Симоне Инзаги по ремито со Торино (1:1), изјави дека неговите момци мора да ја кренат формата, ако сакаат повторно да станат шампиони.
„Знаеме дека за повторно да го освоиме Скудетото, треба да направиме повеќе и да им пристапиме на овие натпревари поинаку, дури и ако има некои изговори. Изгубивме енергија и играчи во решавачкиот момент од сезоната, но ова не треба да биде алиби. Јасно е дека можеме повеќе. Сега имаме 10 финалиња, плус полуфиналето на Копа Италија, па мораме да се обидеме да се опоравиме и да се претставиме најдобро што можеме. За жал, неодамнешната серија на лоши резултати дојде во најинтензивниот период од сезоната“, вели Инзаги.