Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше пресреќен по освојувањето на Суперкуп трофејот синоќа во Ријад. Интер во финалето беше подобар од Наполи со 1:0.
„Ќе му честитам на Наполи, бидејќи одигра одличен натпревар. Многу добро се бранеа со десет фудбалери, се бореа како лавови. Им честитам на моите момци и на мојот тим, за сите беше нешто ново да се играат два меча за неполни 60 часа. Среќен сум за момците, за навивачите, за клубот, кој отсекогаш бил со мене во сите овие 3 години, дури и покрај тешкотиите. Но, најважна е посветеноста на навивачите, дури и момците веднаш им пријдоа на нашите фанови да им се заблагодарат“, вели Инзаги, кој по петти пат во својата тренерска кариера го освојува ова натпреварување, трипати како тренер на Интер и двапати со Лацио.

