Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, изрази жалење поради ремито 2: 2 на гостувањето кај Сампдорија во денешниот меч од Серија „А“. Неговиот тим двапати водеше, но, домаќините се изборија за еден бод.
„Моравме и можевме да го добиеме мечот. Се соочивме со добар тим кој беше добро организиран, згора на тоа повредата на Сенсеине остави со играч помалку. За жал, вестите не се добри“ – вели Инзаги.
„Сепак мора да бидеме задоволни. Имаме седум бодови од три натпревари и тоа два беа на гости. Ќе работиме да напредуваме“- вели тренерот на Интер.