Tренерот на Интер, Симоне Инзаги, на денешната официјалната прес-конференција го најави финалето со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.
„Одигравме 59 натпревари оваа сезона и само трипати имав можност да сметам на сите фудбалери. Утре е четврти таков случај и верувам дека ќе го одиграме најдобриот натпревар. Како фудбалер не успеав да стигнам до финале, најдалеку отидов во четврфинале, а сега еве вторпат имам шанса да бидам дел од финале. Можеби пред две години заслуживме повеќе, но да не заборавиме дека пред нас го имавме Манчестер Сити, кој во тој момент беше најдобар тим во светот. Знаеме каков ривал е денес ПСЖ. Најдобри се во Европа во поседот на топка, многу брзи напаѓачи ќе играат против нас и мора да бидеме концентрирани. Треба да имаме смирена глава“, рече Инзаги пред многубројните новинари.

