Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше исклучително задоволен од играта на неговата екипа во победата од 3:0 над Милан во финалето на италијанскиот Суперкуп во Ријад.
„Момците имаа совршен пристап, бевме остри и цврсти во текот на целиот меч. Нашата прва цел сезонава беше да се квалификуваме во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а втората беше овој трофеј. Сега да уживаме во Суперкупот бидејќи да се добие вакво финале против Милан е едноставно прекрасно. Од утре можеме да размислуваме за следните натпревари“, порача Инзаги.