Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ја пофали играта и победата на клубот над Каљари (2:0) во Серија А.
„Момците одиграа многу добро од првата минута, покажувајќи голем ентузијазам против новајлијата во лигата. Моравме со сета сериозност да му пристапиме на натпреварот и успеавме. Сменивме десет играчи во однос на минатата сезона, но јас и мојот персонал сме сосема задоволни. Тимот се уште е организиран, а тоа е исклучително важно за тренерот. Многу се променивме, ова е неспорно, но останавме тим кој знае како да оди напред“, изјави Инзаги.
Да потсетиме дека „нероаѕурите“ поведоа веќе во 21. минута – погоди Дензел Дамфрис. Девет минути подоцна гол постигна напаѓачот на гостите Лаутаро Мартинез, а му асистираше Федерико Димарко. Натпреварот заврши со овој резултат – 2:0 во корист на Интер.