Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, по вчерашната елиминација на Барселона, вели дека неговиот состав заслужено влегол во финалето на Лигата на шампионите.
„Мораме да и честитаме и на Барселона, бидејќи е навистина силен противник. Потребен беше супер Интер, па им честитам на моите момци за двата неверојатни натпревари. Тоа е единствениот начин да се стигне до финалето“ – рече Инзаги.
„Горд сум што сум нивни тренер бидејќи дадоа сè од себе. Никогаш не бевме арогантни, заслуживме да стигнеме до финалето“ – рече тренерот на италијанскиот тим

