Фудбалерите на Лацио вчера во драматичен меч загубија дома од Интер со 3-2 и не успеаа да обезбедат место во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Симоне Инзаги, потенцира дека е крајно разочаран бидејќи „лацијалите“ на 15 минути до крајот имаа предност од 2-1 и беа пред остварување на целта.
„Моравме претходно да го обезбедиме нашето место во Лигата на шампионите. Очигледно, нашата судбина била таква и сега ќе жалиме за пропуштената шанса“ – вели Инзаги кој се осврна и на пеналот што го направи Стефан де Вриј.
„Ништо немаше да се промени ако некој друг го направеше фаулот. Би го пуштил Де Врај уште 100 пати бидејќи тој одигра одличен натпревар“ – одговори Инзаги.