Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) ја прифати промената на нашето име и од денеска ќе не води под името Олимписки Комитет на Северна Македонија.
-Извршниот комитет на ИОК е информиран дека промената на името на БЈР Македонија во Република Северна Македонија формално стапи на сила на 14 февруари 2019 година. Како резултат на тоа, името на националниот олимписки комитет ќе биде променето од Олимписки комитет на БЈР Македонија во Олимписки комитет на Северна Македонија“ – потврдуваат од ИОК.
Промената во ИОК најверојатно ќе биде поттик и за другите меѓународни спортски федерации што значи дека набрзо името Северна Македонија ќе се користи во секој спорт во кој ќе настапува нашата репрезентација.