Меѓу сите репрезентации учеснички на светското фудбалско првенство ова лето, први во Русија ќе пристигнат Иранците. Фудбалската експедиција на Иран прва ќе дојде во Русија во пресрет на Мундијалот и тоа веќе на 5 јуни.
Како што објави вицепремиерот на Русија задолжен за спортот и организацијата на светското првенство, Витали Мутко, Иран ќе пристигне на 5 јуни во Москва по што ќе замине во својот тренинг камп да се подготвува за стартот на првенството. Селекторот на Иран, Португалецот Карлос Кеироз, ќе работи со Иранците во еден камп на периферијата на Москва. За Иран првиот меч на СП е на 15 јуни против селекцијата на Мароко.