Фудбалерот на Њукасл, Александар Исак, вели дека не го интересираат шпекулациите дека екипата на Арсенал е заинтересирана за неговиот потпис. Тој има договор со клубот до 2028.
„Секогаш има одредени гласини, тоа се случуваше и претходно. Јас во моментов размислувам само за мојот клуб“ – вели Исак.
Швеѓанецот во тековнава сезона има одиграно 11 натпревари со ефект од пет голови.

