Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско заработи повреда на мускулот и ќе биде надвор од комбинација за настап во наредните три недели, се вели во официјалниот медицински извештај објавен на веб-страницата на Реал Мадрид.
„По тестовите извршени од странна на лекарскиот тим на Реал Мадрид, на нашиот играч Иско му беше дијагностицирана повреда на бутниот мускул на десната нога“ велат од клубот
Поблемите со мускулите знаат да бидат многу опасни, особено по тримесечен карантин поради пандемијата на коронавирусот. Ова е причината зошто тренерот Зинедин Зидан нема да може да се потпира на својот играч три недели.
Додека се опоравува, Иско ќе ги пропушти следните 6 или 7 натпревари за „кралскиот клуб“, што ќе значи дека тој нема да учествува во поголемиот дел од продолжената сезона на Ла Лига. Сепак, Шпанецот скоро сигурно ќе биде во составот за реваншот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите на почетокот на август.