Весникот – „Мундо Депортиво“, пренесува дека некогашниот шпански репрезентативец, Иско, е трансферна цел на англискиот фудбалски состав Евертон.
Членот на Реал Мадрид се појави како стартер на само два меча во Ла Лига а медиумите во континуитет го „носат“ пред излезната врата на – „Сантијаго Бернабе“.
Ќе потсетиме дека пред две години „карамелите“ го ангажираа Хамес Родригез од Реал Мадрид, но, Колумбиецот не успеа да се задржи подолго од една сезона на -„Гудисон парк“.