Тоа што вчера го најавија медиумите во Шпанија најверојатно ќе се реализира кога станува збор за трансферот на младиот фудбалер на Реал Мадрид, Иско.
За него се заинтересирани неколку екипи а пред се Милан. Тоа значи дека челниците на „росонерите“ ќе можат во текот на зимскиот трансфер период да испратат понуда бидејќи Иско има договор до јуни 2022.
Тимот од „Сантијаго Бернабе“ нема друг избор и ќе мора да го продаде во јануари за да заработи околу 18 милиони евра.