Играчот на Реал Мадрид Иско е цврсто решен да остане во тимот, тврдат медиумите во Шпанија. Иако Зинедин Зидан не планира да го користи како стартер во следната сезона, 27-годишниот фудбалер сака да продолжи да се бори за своето место во составот, а не да побара трансфер.
Интересно е дека Зидан исто така инсистира Иско да биде и понатаму дел од тимот, но не може да му гарантира дека ќе игра редовно. Тоа не му пречи на шпанскиот репрезентативец, кој и пред враќањето на Зидан ретко беше меѓу стартните 11 поради конфликтот со поранешниот тренер на кралскиот клуб Сантијаго Солари.
За Иско е заинтересиран ПСЖ, но веројатно нема да дојде до таков трансфер. Во текот на сезоната, овој играч од средниот ред одигра 26 натпревари и постигна 3 гола во „Ла Лига“.

