Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, ќе мора да го прескокне утрешниот реванш со Баерн Минхен во Лигата на шампионите кој ќе биде одигран на стадионот „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид, тврди – „Marca“.
Брзоногиот играч на денешниот последен тренинг пред значајниот меч со Германците изјавил, дека не се чувствувал целосно подготвен. Иско кој го повреди рамото на првиот меч во Баварија сеуште чувствува болка.
Затоа стручниот штаб на Шпанците на чело со Зинедин Зидан, одлучил да не ризикува со здравјето на фудбалерот кој во текот на летото најверојатно ќе се појави и на Мундијалот во Русија.