Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, ќе побара во јануарскиот трансфер период да го напушти тимот бидејќи не е задоволен од минутажа што ја добива од страна на тренерот, Зинедин Зидан.
Играчот од средниот ред на „кралевите“ главно ја грее клупата иако францускиот стратег во речсиси секоја прилика потенцира дека нема намера да се откаже од неговите услуги.
Како потенцијални нови клубови за 27-годишниот играч се потенцираат Манчестер Сити и Јувентус. Шпанските медиуми се убедени дека Иско сака да ја продолжи кариерата во Италија.
