Фудбалерот на Реал Мадрид Иско е речиси сигурно дека ќе си замине од клубот. Во Реал сметаат дека е преголем луксуз да плаќаат 7 милиони евра по сезона на играч кој е резерва.
Самиот играч од средниот ред, исто така, сака да се пресели во друг тим за да игра редовно. По разговорот со Карло Анчелоти, Иско сфатил дека е тешко да се бори за стартно место во тимот.
Реал се надева дека ќе ја продаде поранешната sвезда на Малага за најмалку 20 милиони евра. Милан и Арсенал се главните фаворити за неговиот потпис.