Холанѓанецот, Дани Макели, кој го носи знакот на ФИФА од 2013 година, ќе го води мечот на 8 октомври меѓу Македонија и Косово во рамките на полу-финалето во фудбалската Лига на нации или претпоследниот филтер пред Европското првенство.
Макели годинава го водеше финалето во Лигата на Европа меѓу Севилја и Интер во кое славеше шпанскиот тим. Тој беше дел и од Мундијалот во Русија во 2018 година. Таму за големото финале беше ангажиран и во вар-собата.
Макели претходно бил во Скопје и тоа во 2019 година кога го судеше мечот Македонија-Словенија.