Андреј Магдевски кој во изминатата сезона се израдува на шампионската титула со МЗТ Скопје и беше прогласен за МВП во финалната серија, кариерата ќе ја продолжи во ЦСМ Плоешти во Романија.
Нашиот репрезентативец кој претходно играше за шпанскиот состав Реал Мадрид и за белградски Партизан, сега се соочува со нов интернационален предизвик.
Досегашниот играч на „штрковите“ во домашното првенство има настапувано и за Фени Индустри и составот на Гостивар.