34-годишниот голман, Мануел Нојер, потпиша нов договор со Баерн Минхен кој ќе трае до 30 јуни во 2023 година, потврди извршниот директор на Баварците, Карл-Хајнц Румениге за германските медиуми.
„Баерн е многу среќен што Мануел го продолжи договорот. Тој е најдобриот голман на светот и наш капитен“ – рече Румениге. Нојер кој со селекцијата на „панцирите“ се израдува на Мундијалска титула во 2014 година во Бразил, прв пат го облече дресот на Баерн Минхен во летото во 2011 година.
Тој досега седум пати да ја освои Бундеслигата, има пет пехари од националниот Куп и по еден од Лигата на шампионите и од Светското клупско првенство.