Фудбалерите на Јувентус со голот на Дибала вчера го совладаа Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ и прокнижија нови бодови во групната фаза во Лигата на шампионите. „Старата дама“ одигра одлично во сите линии на теренот а дефанзивецот, Џорџо Кијелини, потенцира дека триумфот е сосема заслужен.
„Одигравме извонредно прво полувреме, се движевме беспрекорно, имавме посед на топката. Да бидам искрен, жалевме што водевме само со 1-0. Во вториот дел бевме малку изморени, но на крајот одлично си ја завршивме работата“ – изјави капитенот на Јувентус.
Составот од Торино за прв пат во историјата успеа да направи пет врзани победи на гостински терен во најсилната конкуренција на Стариот континент.

