Давид де Геа по многу долги преговори и убедувања, успеа да издејствува нов побогат договор со челниците на фудбалскиото тим Манчестер Јунајтед, објавија денеска медиумите во Англија.
Чуварот на мрежата на „црвените ѓаволи“ ја продолжи соработката со англискиот елитен тим до 2023 година и стана најплатениот играч на „олд Трафорд“ со неделна плата од 375.000 фунти.
„Кога дојдов не можев ниту да помислам дека ќе одиграм преку 350 натпревари. Сега кога иднината ми обезбедена, сакам да му помогнам тимот повторно да ги освојува трофеите“ – изјави шпанскиот голман.