Голманот на фудбалскиот тим Реал Мадрид, Кејлор Навас, по вчерашниот пораз на теренот на Валенсија во рамките на Примера Дивизион, потенцира дека сака да остане во редовите на „кралевите“ и дека тоа ќе зависи само од одлуката на тренерот, Зинедин Зидан.
„ Ќе се обидам да го убедам тренерот дека можам да играм. Имам договор со Реал и сакам да бидам тука. Ќе видиме што ќе се случи. Мораме да се обидеме да го поправиме впечатокот до крајот на сезоната, тоа им го должиме на навивачите“ – вели Навас.
„Ако Зизу ми каже „оди си“, нема да можам да направам ништо. Имам договор и ќе се борам за моето место до последна капка пот“ – изјави Костариканецот.
