Дефанзивниот фудбалер на Јувентус, Џорџо Кијелини, вели дека неговиот тим не успеал да го неутрализира најсилното оружје на Атлетико Мадрид во првата пресметка во 1 / 8 финалето во Лигата на шампионите.
„ Понекогаш инцидентните ситуации можат да го решат мечот. Знаевме дека тие се многу опасни по прекините и во дуел играта и затоа требаше да бидеме многу пофокусирани. Сега мора да се рестартираме и да направиме пресврт во реваншот во Торино“ – вели ветеранот на Јуве.
„Поразот од 2-0 е тежок за нас, но, верувам дека добро ќе се подготвиме за реваншот и дека ќе дадеме се од себе пред нашите навивачи“ – изјави капитенот на „старата дама“.