Илкај Гундоган во текот на летото како слободен фудбалер ќе го напушти Манчестер Сити. Затоа неговите агенти водат интензивни преговори со луѓето од Барселона кои сакаат да го ангажираат 32-годишниот Германец.
Гундоган во 2016 година ја напушти Борусија Дортмунд и се пресели на – „Етихад“. Тој за „граѓаните“ има 284 настапи, 52 гола и 36 асистенции.
Гундоган освои 4 титули во Англија, еден пехар во ФА купот и 4 во Лига купот.