Дефанзивниот фудбалер на Јувентус, Лихтенштајнер, изјави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Изјавата на Швајцарецот доаѓа по вчерашната победа против Болоња (3: 1), која ја доближи „старата дама’ до седмата последователна титула во Серија „А“.
„Имам уште 14 денови во Јувентус, ми треба нова мотивација, нов предизвик, ќе ја продолжам мојата кариера надвор од Италија, не можам да кажам каде бидејќи сè уште не сум потпишал договор”, рече Лихтенштајнер.
Десниот бек има одиграно 203 натпревари за Јуве на сите турнири на кои постигна и 12 гола. Тој е шесткратен шампион во серијата А а трипати го освои Купот на Италија и Супер Купот.