Дефанзивниот фудбалер на Челзи, Гери Кејхил, може да се согласи да замине во Турција во екипата на Галатасарај. Договорот може да се реализира до крајот на неделава. Деталите и условите во истиот сеуште не се прецизирани.
32-годишниот фудбалер во претходната сезона добиваше мала минутажа во редовите на „сините“ и одигра само 27 мечеви во Премиер Лигата. Според најавите, Кејхил прво ќе има состанок со новиот тренер, Маурицио Сари а потоа ќе се одлучи за наредниот чекор.
Тој настапува за екипата од „Стемфорд Бриџ“ од 2012 година а неговиот тековен договор ќе истече во наредното лето. Кејхил за Челзи има одиграно 282 меча на кои забележал 25 голови и 7 асистенции.