Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, ќе го пропушти утрешниот реванш со Манчестер Сити во полу-финалето во Лигата на фудбалските шампиони кој ќе биде одигран на стадионот „Сантијаго Бернабе“.
Австрискиот интернационалец кој има повреда на мускулот, очекувано не се појави на денешниот тренинг на „кралевите“.
Тренерот на шпанскиот тим, Карло Анчелоти, за реваншот со „граѓаните“ ќе ги нема на располагање и Герет Бејл и Еден Азар кои исто така се повредени.