Фудбалерот на Тотенхем, Тоби Алдервејрелд, кој има договор до летото во 2020 година, призна дека по тој термин сака да се врати во екипата на Ајакс.
Изјавата на белгиецот доаѓа по само еден ден откако неговиот тим го елиминираше токму холандскиот состав и влезе во големото финале во Лигата на шампионите. Алдервејрелд кој за „копјаниците“ од Амстердам има одиграно повеќе од 200 мечеви, има скромна откупна клаузула од 25 милиони фунти што не би требало да биде проблем да се плати.
Ќе потсетиме дека за искусниот 30-ет годишен централен дефанзивец е заинтересиран и тимот на Манчестер Јунајтед.