Еден од најдобрите англиски судии во изминатата деценија – Марк Клатенбург, не е целосно задоволен од работата на неговите колеги во тековната сезона во Премиер лигата. Тој побара построги санкции за сите што ќе се обидат да изнудат пенал.
„Моментот кога фудбалерите се обидуваат да добијат пенал, останува голем проблем за Премиер Лигата. Во рок од само три дена Мохамед Салах доби два лесни пенала а Хари Кејн заработи жолт картон за симулирање на средбата со Вулверхемптон“ – изјави Калтенбург за „Дејли меил“.
„Дојде време Фудбалската асоцијација да стане построга а соодветната комисијата кога ги разгледува спорните ситуации да биде безмилосна. Тоа е слабост во системот. Ригорозните казни изречени од ФА се единствениот начин да се „убијат“ симулирањата“ – нагласи Клатенбург во последната колумна.