Фудбалскиот стратег, Винсенте Дел Боске, кој имаше забележителни резултати на клупата на Реал Мадрид и на селекцијата на Шпанија, потенцирал, дека Бразилецот, Нејмар е одличен фудбаалер, но, има лоши карактерни особини.
„Тешко е да го тренираш Нејмар, тој не е добар пример за младите фудбалери. На теренот многу глуми а недвор од него не е добар човек“ – изјавил Дел Боске во интервјуто за – „Мундо Депортиво“ запрашан дали Барселона треба да го врати напаѓачот во нејзините редови.
„Клубот не смее да брза со одлуката, тоа не смее да го решат Меси и фудбалерите, треба да се реши со студена глава“ – изјави дел Боске.